Класификација на јагоди со гасна хроматографија

Група француски научници користејќи ги резултатите добиени со цврстофазна микроекстракција и со гасна хроматографија се обиделе да развијат метода за класификација на седумнаесет различни типови јагоди.
Првите јагоди во Европа се донесени од Чиле во 1715 година и од тоагаш по до денес одгледувачите на јагоди развиле стотина различни видови кои се разликуваат според вкусот, мирисот, големината и изгледот. Да се направи разлика меѓу сите овие видови не е лесна работа. Всушност за тоа е потребен експерт со добро познавање на проблематиката. Покрај фактот што научниците имаат откриено над 350 супстанци до денес не е најден начин да се класификуваат јагодитe според содржината на овие супстанци. Ова не важи повеќе! Michel Montury од University of Bordeaux се обидел да му пристапи на проблемот од хемометриска гледна точка - со користење на самоорганизирани мапи (СОМ). Овој алгоритам е развиен од професорот Teuvo Kohonen во почетокот на осумдесетите години од минатиор век. Алгоритамот овозможува лесно пресликување на повеќедимензионални податоци на дводимензионална површина при што податоците се групираат според меѓусебната сличност.
Во првата студија на оваа група објавена во 2002 била користена цврстофазна микроекстракција и гасна хроматографија со масен спектрометар (ГХМС) како детектор за да ја анализираат аромата на 17 видови јагоди. На ваков начин била определувана концентрацијата на 23 супстанци, за кои во претходни испитувања било утврдено дека се најбитни за определување на аромата на јагодите. Податоците за концентрациите на овие супстанци биле користени за оптимизирање на перформансите на СОМ.
Наодите покажале дека СОМ со 24 неврони е доволна за да може да ги разликува 17-те видови јагоди. Откако СОМ ќе биде истренирана таа може да се користи за проверка на припадноста на други проби кон еден од видовите јагоди.
Покрај успешноста во класификацијата која се постигнува на ваков начин, истражувачите во намера својот модел да го направат поробусен се обиделе во моделот да вклучат и други фактори. За да успеат во моделот да ги вклучат варијациите на концентрациите на анализираните супстанци во различни години (значи да се вклучат во моделот и фактори како временските услови во кои јагодите се одгледувани) тие анализирале проби од јагоди собрани во периодот од 2000 до 2002 година. На ваков начин добиле СОМ која може да ги разликува типовите на јагоди без при тоа да е битно при какви временски услови се растени.
Дел од резултатите кои овие научници ги публикувале покажуваат и дека, со една ваква анализа, може да се откријат и варијациите кои кај различни типови јагоди се присутни од година во година.
Со самоорганизираните мапи може да се процени и важноста на различните фактори врз промените на составот на анализираните супстанци во јагодите. Како на пример, дали јагодите биле замерзнати или не.
Последните истражувања на Montury и соработниците се однесуваат на одбирање на само дел од анализираните супстанци од различните типови јагоди кои се карактеристични за различните видови.
јаготка